Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Козле“ нема вода ќе третира пациенти како дневна болница

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство информира дека поради прекин во водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата– Козле, веднаш е побарано од Универзитетска клиника за детски болести и Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби времено да ги згрижат пациентите кои ќе имаат потреба од хоспитализација. Додека пак болницата Козле ќе продолжи да ги третира пациентите како дневна болница и ќе врши амбулантските прегледи.. Вчера беше донесена цистерна со вода која ги задоволуваше потребите, но работа на лабораторијата беше попречена поради тоа што е потребна чиста вода, рече за Телма директорката Катерина Бошковска. А жителите од околните куќи велат дека веќе една недела имаат вода за пиење само во ноќните часови од три по полноќ до осум наутро.