Нашиот истакнат актер и првенец на МНТ, Никола Ристановски освои „ Златна арена “ на 72 издание на престижниот филмски фестивал во Пула- Хрватска. Ристановски доби „ Златна арена“ за споредна машка улога во филмот „Меѓу боговите“. Во филмот на режисерот Вук Ршумовиќ, Ристановски игра преведувач од фарси (персиски) јазик кој им помага на бегалците од Истокот.











