Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Не излегувајте надвор и пијте доволно течности- препораки од Министерството за здравство

/

пред 457 дена

Сподели преку :

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето, Министерството за здравство ја информира јавноста дека, согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, во периодот од недела до четврток (20 – 24 јули 2025) се очекува значително зголемување на дневните температури, кои во одделни региони може да достигнат и до 41°C.

Министерството за здравство апелира на почитување на општите препораки за заштита на населението од високи температури:

  • Престојувајте во затворени, разладени простории, особено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.
  • Внесувајте доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци.
  • Носете лесна, светла облека и користете заштита за глава и очи.
  • Избегнувајте физичка активност во најтоплите часови од денот.
  • Посветете внимание на деца, стари лица, лица со хронични заболувања и бремени жени – овие групи се особено чувствителни на високи температури.
  • Во случај на симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш побарајте медицинска помош.
  • Одложете активности на отворено во најтоплиот дел од денот.
  • Обезбедете микроклиматски услови (разладени простории со температура до 25°C) на работното место и во домот.