Демонстранти излегоа на улицице во Епинг и Есекс и го изразија својот гнев со фрлање на шишиња врз полициски комбиња поради сомнеж дека во нив се имигранти кои нелегално влегле во Обединетото Кралство.
Гневните луѓе дополнително фрлаа и други предмети, со што инцидентот дополнително ескалираше. Освен во полициските комбиња, демонстрантите се соменуваат и во еден од хотелите во Есекс дека со даночни обврзници сместувал имигранти и баратели на азил кои неодамна пристигнале во земјата.
Полицијата во Есекс соопшти дека еден полицаец претрпел полесни повреди на вратот, но и дека самиот хотел во близина бил оштетен за време на дивеењето на мигрантите.
Надзорникот Сајмон Анслоу обвини дека некои демонстранти фрлале јајца кон полициските службеници, но и дека поставиле огномет во близина.
„Знаеме дека луѓето што ги извршиле овие злосторства не ги претставуваат Епинг или Есекс. Ништо во навредата што ја видовме не е репрезентативно за овие заедници или за мирниот настан што заврши пред да започне ова“ рече надзорникот Сајмон Анслоу.
Овие незадоволства во Велика Британија од ден во ден се зголемуваат поради зголемениот број на мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка.











