Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

За текстот со Епстајн, Трамп поднесе тужба вредна 10 милијарди долари

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба вредна 10 милијарди долари против „Дау Џонс“, компанијата во чија сопственост е весникот „Волстрит џурнал“, и нејзиниот сопственик Руперт Мардок. Причина за тужбата е наводна клевета и кршење на законите за клевета поради напис во кој се тврди дека Трамп му испратил „непристојна“ порака на сексуалниот престапник Џефри Епстајн.

Според весникот, Трамп му испратил роденденска честитка на покојниот финансиер во 2003 година, за неговиот 50. роденден, пред Епстајн да биде обвинет за сексуални злосторства. Трамп тврди дека пораката е „лажна“.

„Штотуку поднесовме моќна тужба против сите вклучени во објавувањето на лажниот, злонамерен, клеветнички напис во бескорисниот партал, каков што е ‘Волстрит џурнал’“, објави Трамп на социјалните мрежи. Трамп напомена дека  весникот и Мардок, со кого има децениски променлив однос, биле предупредени дека ќе бидат тужени доколку го објават текстот.

Портпаролот на „Дау Џонс“ изјави дека компанијата стои зад точноста на своето известување.

„Имаме целосна доверба во темелноста и точноста на нашето известување и енергично ќе се браниме од каква било тужба“, се вели во соопштението.