Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД одобри продолжување на воената помош за Украина

/

пред 456 дена

Сподели преку :

За продолжување на воената помош за Украина гласаше Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави , објави синоќа конгресменот Дон Бејкон.

Предлог-законот HR4016 беше поддржан од 353 пратеници, додека 76 беа против, што обезбеди силна двопартиска поддршка за продолжување на американската поддршка за Киев, објави Бејкон на Икс, пренесе Униан.

Законот треба да биде разгледан во Сенатот, каде може да биде изменет, усвоен во сегашната форма или да не биде усвоен.

Доколку биде потврден, предлог-законот оди кај американскиот претседател Доналд Трамп на потпис. Трамп, исто така, најави нова рунда воена помош за Украина, вклучувајќи ракети за системите „Патриот“, кои, како што рече, „веќе се на пат.