Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Туристите од Србија им ја продолжуваат сезоната на Дојранчани

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Посетителите од Србија им ја продолжуваат сезоната на Дојранчани. Доаѓаат од средината на пролет до почетокот на есента и го раздвижуваат ова погранично место кое живее од туризам.  Изнајмуваат сместување, остануваат по еден или повеќе денови и продолжуваат кон Грција-прстојот е краток, но средствата што ги оставаат значат за одржувањето на животот во Дојран.

„Претежно се транзит туристите коишто доаѓаат и транзитираат кон Република Грција, меѓутоа радува фактот што остануваат и подолго и се значаен дел од туризмот во Дојран. Инаку, летната сезона е препознатлива за Дојран, но се трудиме и се стремиме кон туризам што ќе носи туристи во текот на целата година и Дојран се полни и во другите месеци од годината, но сепак викенд туризмот е најзастапен, вели Анго Ангов“, градоначалник на Општина Дојран.

За домашните туристи врвот на сезоната е од втората половина на јули и ќе трае до крајот на август. Минатите години Дојран остваруваше над сто илјади ноќевања во туристичката сезона

Проценките на експертите од областа на туризмот се дека околу 30% од ноќевањата остануваат во сивата зона-остварени а нерегистрирани. Исто е и со другите услуги поврзани со туризмот како угостителските и трговските.

Дојран најавуваше и посериозни инспекциски контроли за пријавувањето на туристичките приходи, но, како и во другите градови кои живеат од туризам, му фалат поголем број инспектори за да се следи состојбата.

Сузана Мицева