Здружението на граѓани „16 март 2025 Кочани“, четири месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во која загинаа 62 лица помеѓу кои шест деца, го одржa 15. Марш на ангелите – марш на болката и борбата за правда. Маршот почнa во 18.5 часот, со собирно место од Паркот на револуцијата. Родителите пред камерата на Телма потврдија дека премиерот на средбата како што велат побарал да одредат цена за нивните деца, побараа тој да дојде на маршот како што и самиот ветил.











