Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска: „Стоп на имиграцијата“ и „Стоп на имиграциската инвазија

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Илјадници луѓе во Варшава и 80 други градови во Полска се собраа за да протестираат против приемот на мигранти, објави ДПА. Митинзите беа организирани од крајно десничарската коалиција „Конфедерација“.

Демонстрантите скандираа „Стоп на имиграцијата!“ и „Стоп на имиграциската инвазија“ и држеа транспаренти на кои пишуваше: „Ова е Полска“ и „Полска за Полјаците“.

Антимуслимански и антисемитски симболи беа забележани меѓу толпите за време на протестите.

Имаше и контрадемонстранти во неколку поголеми градови.

Протестите беа релативно мирни. Но, во Варшава, полицијата мораше да интервенира кога крајно десничарски хулигани поврзани со фудбалскиот тим Легија Варшава нападнаа група контрадемонстранти.