Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Киев и предложи на Москва нова рунда мировни преговори за следната недела

/

пред 454 дена

Сподели преку :

Киев и предложи на Москва нова рунда мировни преговори за следната недела, ова во своето видео обраќање го кажа Украинскиот претседател Володимир Зеленски, откако преговорите заглавија на почетокот на јуни.

-Секретарот Умеров, ме извести дека предложил уште еден состанок со руската страна за следната недела. Темпото на преговорите мора да се забрза. Мора да се направи сè за да се постигне прекин на огнот. И руската страна мора да престане да се крие од одлуките. Размена на затвореници. Враќање на деца. Крај на убиствата. И потребен е состанок на ниво на лидери за навистина да се обезбеди мир – навистина траен. Украина е подготвена за таков состанок, порачува Зеленски.

Одговорија од руска страна од каде велат дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да се движи кон мирно решение за Украина. Во изјава за руската државна телевизија портпаролот на Кремељ Димитриј Песков вели дека . во договорот главна цела на русија е да ги постигне своите цели.

-Претседателот Путин постојано зборуваше за својата желба што поскоро да го доведе решавањето на украинското прашање до мирен крај. Ова е долг процес, бара напор и не е лесен. Главната работа за нас е да ги постигнеме нашите цели. Нашите цели се јасни, вели  портпаролот на Кремељ Димитриј Песков.

Двата круга разговори што се одржаа во Истанбул не резултираа со напредок кон прекин на огнот, туку доведоа до размена на заробеници и договори за враќање на телата на убиените војници. Мината недела пак како притисок Трамп објави построг став кон Русија ветувајќи нов бран воена помош за Украина, вклучувајќи ги и системите за ракетна одбрана „Патриот“. Американскиот претседател, исто така, ѝ даде на Русија 50 дена да се согласи на прекин на огнот или да се соочи со дополнителни санкции.

Кристина Кузмановски