Полска ноќеска подигна борбени авиони поради зголемена руска воздушна активност во близина на границата со Украина.
Паралелно со тоа, системите за противвоздушна одбрана и радарска набљудување се ставени во состојба на висока готовност.
Одбранбените мерки се преземени со цел да се обезбеди сигурноста на источните региони на Полска и териториите во близина на воениот конфликт.
Варшава истакнува дека ова е рутинска безбедносна процедура, додека Русија тврди дека нејзините летови се во согласност со меѓународното право.
Во изминатиот период, Полска го засили воздушниот надзор поради зачестените летови на руската авијација над западна Украина.
Властите остануваат во постојана координација со НАТО сојузниците и ги следат сите потенцијални закани во регионот.
Најмалку едно лице загина, а две се повредени во руски воздушен напад врз Киев, соопштија украинските власти.
Според воениот командант Тимур Ткаченко, нападите предизвикале пожари, вклучително и во една градинка во областа Дњепровски.
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, информира дека удари од беспилотни летала или нивни остатоци погодиле станбени згради, супермаркет и влез во метро станица.
Граѓаните се повикани да останат во засолништа поради можност за нови напади. Меѓувреме, Украина предложи нова рунда мировни разговори со Русија.
Претседателот Зеленски го најави предлогот по добиената поддршка од американскиот претседател Доналд Трамп, кој вети испорака на дополнително оружје.











