Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Снабдувањето со кислород во штипската модуларна болница под силен притисок од големиот број на болни

/

пред 2010 дена

Сподели преку :

Станицата за кислород во штипската модуларна болница, која работи со боци не може да ги задоволи потребите на пациентите, кои се на постојана кислородна поддршка.

Деновиве расте бројот на ковид пациент, на кои им е потребен кислородот. Во штипскиот ковид центар од 94 на 54 пациенти им е потребна постојаната кислородна поддршка. Модуларната болница е исполнета, на Инфективното одделение има неколку слободни кревети.
-Веќе бараме начин и деновиве ќе го реализираме со тоа што ќе обезбедиме резервоар за кислород, кој ќе се приклучи на централниот довод во модуларната болница. Медицинскиот кадар е веќе исцрпен, не само поради тоа што секојдневно ја води битката и се спасуваат човечки животи, тие мора и на раце да ги растовараат и внесуваат боците со кислород, вели Ѓеорѓијев.

И кочанскиот ковид центар е преполн 35 пациенти ги имаат пополнето болничките кревети. Директорот, Александар серафимовски вели дека рекордна е потрошувачката на кислород, по неколку пати во денот се полнат боците, а и тие како ковид центар веќе бараат начин за набавка на окисегенска станица или резевроар за кислород.

Во овој центар починаат двајца пациенти од Кочани и Делчево.

Викторија Јованова