Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Влада: Нема видеоснимки од состанокот меѓу премиерот Мицкоски и родителите на загинатите млади луѓе во Кочани

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Видеоснимки од состанокот во Владата на 7-ми јули меѓу премиерот Христијан Мицкоски и родителите на загинатите млади луѓе во кочанската дискотека нема. Од Владата во целост ги отфрлаат тврдењата дека постојат такви видео снимки од состанокот или пак од било која друга средба во кабинетот на премиерот, Христијан Мицкоски.

Ова е одговорот од кабинетот на Владата на барањето на родителите и семејствата на загинатите за објавување на снимки од овој состанок.

Премиерот Мицкоски денеска од Тетово го повтори својот став дека сочувствува со болката на родителите,  и како што рече оваа тема да се остави на политичките глодари и лешинари.

Родителите на настраданите преку соопштение пред неколку дена реагираа  дека на средбата особено болно и понижувачки бил одговорот на барањето за парична помош, односно дека премиерот им рекол  „Одредете си цена за вашите деца“.

Од Владата и денеска реагираат дека премиерот и Владата на средбата ги сослушале семејствата и нивните барања, а  наводите кои беа пласирани во јавноста,  ја искривуваат суштината на средбата и како што велат од кабинетот на Владата ги ставаат зборовите на премиерот во контекст кој не одговара на вистината и затоа ги  сметаат за тенденциозни, особено во ваков чувствителен момент.

Во саботата во Кочани се одржа 15-тиот марш на ангелите, меѓу другото семејствата на загинатите побараа на судскиот процес да присуствуваат и амбасадорите во земјава, односно да се следи под будното око на меѓународната заедница.

Во најголемата трагедијата на 16 март загинаа 62 млади, а околу 200 беа повредени, за кои во моментов тече и процесот на рехабилитација.

Викторија Јованова