Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Скопје тоне во отпад -од расфрлана пластика по улиците до преполни контејнери

/

пред 459 дена

Сподели преку :

Скопје тоне во отпад. Од расфрлана пластика по улиците до преполни контејнери, граѓаните се почесто забележуваат дека главниот град се дави во нечистотија.

Ѓубрето станува секојдневен дел од урбаниот пејсаж – неизбежен декор на улиците,парковите и зелените површини.

Преполни контејнери што не се празнат со денови, отпад кој се натрупува околу нив, и кеси на детските игралишта. Тротоарите служат како привремени депонии, а мини депонии никнуваат среде населени места.

Нова депонија никна и во Дексион. Загрижен граѓанин се пожали до редакцијата на Телма велејќи дека губрето се шири секојдневно а никој не реагира.

,,Во секој агол во Скопје можеме да видиме иста глетка.Преполни контејнери, расфрлан отпад и мини депонии. Иста е глетката и во населба Дексион на последната станица на автобуска линија број 5. Не станува збор за изолиран проблем на една општина, туку за системска негрижа.’’

Иницијативата О2 со години алармира за состојбата со хаосот со отпадот во урбаните средини. Одтаму велат состојбата е катастрофална, сметаат дека има целосно потфрлање од страна на ЈП ,,Комунална хигиена – Скопје’’.

,, Состојбата е катастрофална. Причините треба да ги бараат надлежните институции, а тоа е пред сѐ КХС, кои не го подигаат редовно сметот, дозволувајќи истиот да се собира во енормни количини во контејнерите и се расфрла по улиците. Граѓаните, точно, се доста немарни , но секогаш постои решение со комунална контрола, посебно на точки каде никнуваат мали диви депонии, каде истото треба да се спречи и санкционира. Отсуствува комплетно координација на Градот со општините.Ќе го нагласиме секако и моментот на сѐ поголем број на нови згради и жители кои на никој начин не се предвидени во организацијата на положување и отстранување на сметот. – велат од О2 иницјатива.

Граѓаните се жалат на неподносливиот мирис, зголемениот број на инсекти и на чувството на запоставеност од институциите. Велат дека ова не е само естетски, туку и здравствен проблем.

Додека граганите чекаат решение, главниот град се повеке личи на депонија, отколку на европска метропола.

Марија Коцева