Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ЦУК: Шест активни пожари – горат шума, трева и отпад

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Како што информира Центарот за управување со кризи во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари, од нив шест се уште активни, пет се ставени под контрола, а 27 се изгаснати.

Гори во Општини Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, Мал Готен и Малешевските планини, каде огнот зафали нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација, потоа Општина Македонски Брод – с. Грешница, каде гори мешана шума и сува трева, па помеѓу с. Локвица и с. Крапа , као и с. Латово. Во Општина Прилеп – с. Штавица кон селата Чумово, Волково и Прилепец гори ниска вегетација и деградирана шума, и во  Општина Желино – помеѓу селата Церово и Групчин запалена е нискостеблеста и деградирана шума.

Под контрола се пожарите во Општина Ресен – с. Шурленци до с. Езерани, село Николич, дојранско, кај селата Џидимирци, Крушје и Иванковци, велешко, потоа село Симница, гостиварско и помеѓу селата Царевиќ и Смолани, односно месноста викана Радобилски рид во прилепската општина.

Од ЦУК информираат дека изминатото деноноќие згаснати се 27 пожари и тоа:

  1. Студеничани – с. Студеничани (ѓубре)
  2. Шуто Оризари – с. Визбегово (сува трева)
  3. Сарај – с. Љубин (сува трева)
  4. Кисела Вода – ул. Мариовска (сува трева)
  5. Гази Баба – с. Трубарево (сува трева)
  6. Прилеп – с. Тројаци (сува трева)
  7. Долнени – с. Горно Село (сува трева)
  8. Струмица – с. Дабиле (стрниште и ѓубре)
  9. Гевгелија – с. Прдејци (ѓубре и сува трева)
  10. Кичево – н. Осој (ѓубре)
  11. Велес – с. Оризари (вегетација)
  12. Свети Николе – автопат Свети Николе – Штип (сува трева)
  13. Куманово – Индустриска зона (ниска вегетација и ѓубре)
  14. Куманово – с. Речица (сува трева)
  15. Куманово – кај ресторан Аркус (сува трева)
  16. Липково – с. Оризаре (сува трева)
  17. Липково – с. Оризаре (повторно пријавен пожар)
  18. Старо Нагоричане – с. Старо Нагоричане (отпад)
  19. Старо Нагоричане – Челопек (грмушки и сува трева)
  20. Старо Нагоричане – с. Драгоманце (грмушки и сува трева)
  21. Кратово – с. Железница (стрниште и сува трева)
  22. Кратово – кај филтер станицата (стрниште и сува трева)
  23. Брвеница – с. Брвеница (ниска вегетација)
  24. Брвеница – с. Теново (ѓубре)
  25. Желино – с. Стримница (нискостеблеста шума)
  26. Гостивар – с. Чајле (ниска вегетација)
  27. Гостивар – с. Симница (ниска дабова шума)