„Голем пожар изби попладнево на улицата „Браќа Ставреви“ во Кочани, при што интервенираат сите расположиви сили на Територијалната противпожарна единица“ објави Радио Кочани.
Според информациите кои ги пренесува медиумот во гаснењето на пожарот веднаш се вклучиле членовите на Доброволното противпожарно друштво. Пожарникарите се на терен и се обидуваат да го локализираат пожарот, а присутна е ѝ полицијата која ја обезбедува локацијата.
Досега се хоспитализирани три лица, најверојатно поради вдишување чад и полесни повреди. Причините за пожарот засега се непознати.











