Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Спортистка од Шпанија: Не поминаа ни 72 часа, а падна плоча од плафонот

/

пред 440 дена

Сподели преку :

Девојче од Шпанија која е една од спортистите кои се натпреваруваат на најголемиот мултиспортски настан во земјава – Европскиот младински олимписки фестивал. Објави видео од падната плоча од  плафон во купатило во собата во која таа е сместена, отворајќи голема дупка на таванот. Таа на објавата на видето напиша дека не поминале ниту 72 часа од нивниот престој во Македонија, односно во собата, а веќе паднал плафонот во бањата.

Инаку Европскиот младински олимписки фестивал опфаќа натпревари во 15 спортски дисциплини и низ улиците на Скопје може да се забележат спортисти од многу европски земји. Тие се натпреваруваат во  пливање, кошарка, ракомет, одбојка.. Дел од натпреварите се одржуваат на спортски објекти со меѓународен стандард во Скопје и Куманово додека спортската гимнастика треба се оддржи во Осиек, Хрватска.