Принудени сме да формираме техничка партија и ни е потребна вашата поддршка. Го правиме ова не по наша драга волја, туку затоа што немаме друг избор, информираат од Зелен Хуман Град преку својот фејсбук профил.
„Го правиме овој голем чекор како одговор на препреките кои ни ги поставија партиите да ги оневозможат независните да одат на локални избори. Во 2021 беа сопки со зголемување на прагот на потписи на 10.000! Во 2024 беше слично – 4.500, но во 2025 им успеа да направат правен вакуум со кој практично НИ СЕ ОНЕВОЗМОЖУВА да поднесеме независни листи за советници зашто не гласаат измени на Изборен законик со кои се почитува одлуката на Уставен суд, велат од ЗХГ во објавата.











