Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Меѓународниот суд на правдата одлучи дека државите кои не преземаат мерки против климатските промени го прекршуваат меѓународното право

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Главниот судски орган на Обединетите Нации,  денеска донесе одлука дека државите кои нема да преземат мерки за заштита на планетата од штетните последици на климатските промени може да се сметаат дека го прекршуваат меѓународното право а државите кои страдаат од последиците на климатските промени може да имаат право да репарации.

Судот оцени дека: „чистата, здрава и одржлива животна средина“ е човеково право.

Оваа одлука го отвора патот за други правни постапки, вклучувајќи ја и можноста на државите да се тужат меѓусебно во врска со климатските промени, вклучувајќи ги и историско високото ниво на емисии на стакленичките гасови.

Сепак, Меѓународниот суд на правдата во Хаг, Холандија, посочи дека прецизното утврдување кој е одговорен за точно кој дел од климатските промени ќе биде исклучително тешко.

Одлуката на судот е правно необврзувачка, но правните експерти тврдат дека би можела да има далекусежни последици.

Државите кои се најранливи на климатските промени ќе ја сметаат за победа.

Случајот без претходен преседан пред Меѓународниот суд на правдата беше создаден од група млади студенти по право од островските држави во Пацификот, кои се први на фронтот во борбата против климатските промени, кои ја добиле оваа идеја во 2019-тата година.

„Вечерва ќе спијам помирно. Меѓународниот суд на правдата го препозна тоа што ние го живееме – нашето страдање, нашата отпорност и правото на наша иднина“ – изјави Флора Вано од островот Вануату во Пацификот, земјата која се смета за најранлива на екстремните временски прилики на глобално ниво.

Активистите за справување со климатските промени се надеваат дека оваа значајна одлука сега ќе го олесни патот за компензација од земјите кои низ историјата гореле најмногу фосилни горива и затоа се најодговорни за глобалното затоплување и климатските промени.

Поголем број посиромашни држави го поддржаа овој случај од фрустрација, создадена од уверувањето дека најразвиените држави во светот не ги реализираат своите ветувања за справување со растечкиот проблем.

Но, најбогатите светски држави, тврдат дека постојните климатски договори и ветувањата кои редовно се даваат барем еднаш годишно на ткн климатски самит, се сосема доволни и никакви дополнителни правни обврски не треба да се преземат.

Судот во Хаг, денеска го отфрли овој начин на размислување.