Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милан со втора етапна победа на „Тур де Франс“, Погачар останува убедлив лидер

/

пред 437 дена

Сподели преку :

Џонатан Милан од Италија славеше на 17-тата етапа на „Тур де Франс“. Италијанецот ја оствари својата втора етапна победа на овогодинешното издание на најпознатата велосипедска трка во светот.

Милан делницата долга 160,4 километри ја мина со време од 3 часа, 25 минути и 30 секунди и тоа пред Jорди Миус од Белгија, а трет финишираше Тобијас Лунд Андерсен.

Погачар продолжува во жолтата маичка и има предност од четири минути и 15 секунди пред најголемиот ривал Јонас Вингегард.

Утре на програмата е 18-тата етапа и тоа планинска од Виф до Куршевел во должина од 171,5 километри.