Вооружен судир изби меѓу Талјанд и Камбоџа, објавија утрово армиите на двете земји, притоа обвинувајќи се меѓусебно кој прв почнал. Тајландската војска соопшти дека бројот на загинати цивили е девет, додека ранети се 14 лица, пренесува „Би-Би-Си“.
Тајландската војска соопшти дека оружените сили на соседна Камбоџа отвориле оган во спорното гранично подрачје во близина на храмот Та Моан Том, околу 360 километри од главниот град Бангкок.
Министерството за надворешни работи на Тајланд ја повика Камбоџа да престане со работи за кои, како што тврди, претставуваат тешко кршење на меѓународното право. Притоа во повикот се наведува дека Тајланд е подготвен да ги засили мерките за самоодбрана, доколку Камбоџа продолжи со оружените напади. Камбоџа, пак, го обвини Тајланд за користење на прекумерна сила долж камбоџанската страна на границата.
Премиерот на Камбоџа, Хун Манет побара „итен состанок“ на Советот за безбедност на Обединетите Нации, пренесува „Гардијан“. Во писмото се обвинува Тајланд за „неиспровоцирани, плански и намерни напади“ врз камбоџански позиции долж границата.











