Во изминатото деноноќие во државата се евидентирани вкупно 27 пожари, информираат од Центарот за управување со кризи, од кои пет пожари се се уште активни, 4 се под контрола, а 18 се изгаснати.
Разновидна шума, грмушки и трева гора во Општина Василево, Радовиш и Берово, во прилепско, потоа Желино, околината на Штип и Македонски Брод.
Пожари кои се ставени под контрола се следните:
- Општина Прилеп – помеѓу селата Царевиќ и Смолани, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација);
- Општина Македонски Брод – с. Латово, м.в. Маркова Стапалка (грмушки и сува трева);
- Општина Македонски Брод 1 – с. Грешница (мешана шума и сува трева);
- Општина Чучер Сандево – кај Делеководите (мешана шума).
Изгаснати пожари:
- Општина Прилеп 1 – с. Ново Лагово (ниска вегетација);
- Општина Прилеп 2 – нас. Тризла (ниска вегетација);
- Општина Дебар – с. Рајчица (нискостеблеста шума);
- Општина Боговиње – с. Пирок (ниска вегетација);
- Општина Теарце – с. Теарце (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Могила – с. Српци и с. Могила (ниска вегетација);
- Општина Куманово 1 – нас. Средорек (ѓубре);
- Општина Куманово 2 – нас. Карпош, ул. 154 (ниска вегетација);
- Општина Куманово 3 – ул. Никола Тесла (ниска вегетација);
- Општина Охрид 1 – ул. Ариф Мустафа (ниска вегетација);
- Општина Охрид 2 – ул. Стив Наумов, место викано Тумба (ниска вегетација);
- Општина Петровец – с. Огњанци (ѓубриште);
- Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (ѓубриште);
- Општина Илинден – с. Бучинци (ниска вегетација);
- Општина Гази Баба – с. Трубарево (ниска вегетација и стрниште);
- Општина Босилово – с. Старо Балдовци (ниска вегетација);
- Општина Велес – с. Клуковец (ниска вегетација);
- Општина Кавадарци – с. Дреново (ниска вегетација).











