Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Политичка кавга за пензиите

/

пред 456 дена

Сподели преку :

Популистичка, а неекономска мерка. Вака дел од експертите го оценуваат линеарното покачување на пензиите, кое ја разбранува јавноста и ги отвори прашањата дали треба да се случи или пак да остане законското процентуално зголемување. Универзитетскиот професор Узунов смета дека со ваквиот потег голем дел од пензионерите кои со години работеле ќе загубат.

„Овој линеарен модел што сега го прави Владата, односно сите пари ги дели според бројот на пензионери е уништување на пензискиот систем. Долгорочно тоа ќе има негативни ефекти за сите, и за идните пензионери и за тие што плаќаат во фондот. Поправилно е да има процентуално зголемување според тоа кој колку уплаќал. Никаква економска логика нема туку тоа е популистичка политика“, изјави Ванчо Узунов, универзитетски професор.

Линеарното покачување на пензиите ги скара и политичките партии. Од СДСМ со критика дека ќе бидат оштетени 90 отсто од највозрасната група граѓани во земјава.

„Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари. За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку. За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000“ изјави Јована Тренчевска – СДСМ.

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ пак обвинуваат дека СДСМ се тие кои ги лажеа пензионерите со минимално зголемување на нивните примања.

„Денеска Собранието ќе го изгласа законот и за линеарно зголемување на пензиите. Пензионерите ќе добијат две илјади денари на своите сметки. Тоа е чекор од ветеното зголемување од седум илјади денари за сите пензионери“, изјави Бојан Стојановски- пратени ВМРО ДПМНЕ.

Според анализите со линеарното зголемување 150 илјади пензионери ќе добијат повеќе пари, а 116 илјади помалку.

Со линеарното покачување пензионерите на два пати ќе добијат по 1000 денари. Едното во септември сега, а другото во март наредната година. Со ребалансот на буџетот кој се изгласа во Собранието се обезбедија уште 40 милиони евра, пари кои ќе одат дирекно во ПИОМ. Фондот за пензиско со години е со проблеми и постојано се прави дотур на пари од државната каса таму. Експертите до сега неколку предупредија да се внимава со овој фонд. Претходно пензионерите на два пати добија зголемување од 2,500 денари.

Тамара Марковска