Потрагата се уште трае на младото 16 годишно дете, кое во попладневните часови пропадна во водите на реката Вардар кај селото Уланци Општина Градско, соопштуваат од ЦУК. Во потрагата се вклучини и екипи на Специјалните единици на МВР, со чамец и тим за претраги во вода-гнурци, како и Специјалните сили, припадници на Армијата, тим за претрага во води Волци. На терен се и тим од ДЗС, стои во соопштението. Од МВР информираат дека попладнево во СВР Велес било пријавено дека две женски лица на возраст од 16 и 26 години потонале во водите на реката Вардар во близина на село Уланци, општина Градско. По пристигнување на местото , 26 годишната жена е пронајдена жива, а по 16 годишното девојче се уште се трага.
-Во моментов екипи на СВР Велес се присутни на терен и во координација со останатите надлежни институции работат на пронаоѓање на лицето од МВР за Телма велат дека условите за трагање во вечерните часови не се поволни, поради што со потрагата по девојчето ќе се продолжи во текот на утрешниот ден.
Се трага по 16-годишно девојче во водите на Вардар кај Градско











