Движењето Антикоцкање бара средба со властите и нивно учество во формирањето нов закон за игри на среќа. Сакаат да знаат што се променило досега и до каде се со донесување на закон за игри на среќa. Тие констатирале дека се зголемува бројот на објектите на игри на среќа па велат се решени за посилно дејствување.
- Им испративме покана за средба двапати, но до ден денес не добиваме одговор од нив. За жал, коцкањето беше актуелна тема само во кампања. Болката на граѓанинот беше злоупотребена. Понекогаш се реагираше со остри тонови и со емоции до степен што се даваа бескрајни ветувања само за да се освојат повеќе гласови, Џемал Абдиу Движење Антикоцкање.
Казина и обложувалници на повеќе од 500 метри од училишта – изгласан законот за игри за среќа











