Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Пеколни температури – казни за фирми и колапси на улица

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Скопје и целата земја денеска се печат под сонцето – температурите достигнуваат екстремни 43 степени. Државниот инспекторат за труд извршил повеќе од 130 инспекциски надзори низ државата од кои повеќето биле вонредни. Издадени се девет решенија за забрана за работа во повеќе градови.

„Во Скопје имаме пет решенија за забрана за работа, две во Кавадарци и по едно во Штип и во Пробиштип. Извршени се контролни инспекциски надзори кај истите правни субјекти и констатирано е дека тие постапиле по нашето решение, односно работниците се ослободени од работа“, изјави Аднан Демир од Државен инспекторат за труд.

Државните инспектори за труд апелираат до работниците да се охрабрат и да пријават кога се изложени на работа на отворено.

„При извршувањето на вонредните инспекциски надзори на работодавците им се изречени вкупно 22 инспекциски мерки, односно издадени се 11 решенија со инспекциска мерка наредба за почитување на препораката за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран, издадени се девет решенија за забрана за работа поради непочитување на препораките“, додаде Демир.

Деновиве на улиците има сè помалку луѓе. Оние кои излегуваат надвор, се кријат под сенки и се со шишиња вода во рака. Од Брзата помош, пак, велат дека последниве денови најчестите повици им се поради сообраќајни несреќи, како и колапси на улица. Лекарите предупредуваат дека високите температури се ризични и за младите и здравите луѓе кои се изложени подолго на сонце.

Додека Владата ги повикува институциите и работодавачите строго да ги почитуваат препораките за заштита на работниците на терен, а дел заработија казни, за нив како да не важат препораките. Во екот на топлотниот бран се организираат настани на отворено, се канат медиумите и граѓани. За владините претставници се мести импровизирана заштита од силното сонце.

Тамара Марковска