Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без нас не може да се изготви нов закон за игри на среќа, порачуваат од движењето „Антикоцкање“

/

пред 455 дена

Сподели преку :

Движењето „Антикоцкање“ бара средба со властите и нивно учество во формирањето на нов закон за игри на среќа. Сакаат да знаат што се променило досега и до каде се со донесување на закон за игри на среќа. Тие констатирале дека се зголемува бројот на објектите на игри на среќа, па велат се решени за посилно дејствување.

„Им испративме покана за средба двапати, но до ден денес не добиваме одговор од нив. За жал, коцкањето беше актуелна тема само во кампања. Болката на граѓанинот беше злоупотребена. Понекогаш се реагираше со остри тонови и со емоции до степен што се даваа бескрајни ветувања само за да се освојат повеќе гласови“, изјави Џемал Абдиу од движењето „Антикоцкање“.