Американскиот претседател Доналд Трамп е во посета на Шкотска каде во текот на утрешниот ден се очекува да се сретне со британскиот премиер Кир Стармер и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Предвидено е да разговараат за царинските мерки.
Трамп одговарајќи на новинарско прашање посочи дека шансите се 50-50 за постигнување на трговски договор со Европската Унија.
„Да, ќе се сретнам со ЕУ во недела и ќе работиме на договор. Ќе видиме дали ќе постигнеме договор, Урсула (Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија) ќе биде тука, многу почитувана жена, па затоа со нетрпение го очекувам тоа. Тоа ќе биде добро. Со Европската Унија, мислам дека имаме добри шанси 50-50. Тоа е многу“ изјави Трамп.
Претседателот на САД дополнтелно испрати и две пораки за Европа – „Престанете да градите ветерници и ограничете ја имиграцијата. Оваа имиграција ја убива Европа.“
Трамп со години упатува остри критики за изградбата на ветерниците, а беше и тужен, тврдејќи дека блиската ветерница го нарушила погледот на играчите од едно од неговите голф терени во Шкотска.











