Денеска во Собранието седници ќе одржат неколку собраниски комисии, меѓу кои за образование, наука и спорт, за одбрана и безбедност, за транспорт и животна средина, како и Законодавно-правната комисија.
Комисијата за образование, наука и спорт ќе расправа по амандмани на Предлог-законот за установи за средно образование на верските заедници, за кој се поднесени 22 амандмани.
Расправата е во рамки на второто читање на законот.
Во Комисијата за транспорт и животна средина на дневен ред е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за домување, исто така во второ читање, со поднесени два амандмана.
Во Комисијата за одбрана и безбедност ќе се разгледува предлог-одлуката за испраќање на припадници на Армијата на Северна Македонија во мисијата УНИФИЛ во Либан.











