Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Делегација на Армијата и Министерството за одбрана во официјална посета на сојузната држава Вермонт, САД

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Делегација предводена од началникот на Генералштабот Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски , придружуван од државниот секретар во Министерството за одбрана, Елизабета Чуповска Ристова од денес ќе престојува во повеќедневна oфицијална посета на сојузната држава Вермонт, Соединетите Американски Држави.

За време на посетата која се реализира во рамки на Програмата за партнерство на САД се предвидени повеќе средби со високи претставници од Националната гарда, воениот универзитет Норвич и државата Вермонт. Делегацијата ќе се сретне и со гувернерот на државата Вермонт, Фил Скот.

Главна цел на посетата е унапредување на стратешката одбранбена соработка, размена на искуства и планирање на заеднички обуки и активности

Оваа активност претставува уште еден чекор во зајакнувањето на одбранбените капацитети и интероперативноста меѓу Армијата на Република Северна Македонија и вооружените сили на САД, во духот на сојузништвото во НАТО.