Шест лица загинаа во масовно пукање на познатиот пазар за храна Ор То Кор во Бангкок, Тајланд, соопшти полицијата.

Инцидентот се случил околу пладне, во близина на популарниот викенд-пазар Чатучак.
Според информациите, вооружениот напаѓач усмртил пет лица, а потоа си го одзел животот.
Медицинскиот центар Ераван потврди дека уште две жени се повредени во нападот.

Полицијата сè уште ја истражува позадината на настанот и не е позната ниту причината, ниту идентитетот на напаѓачот.
Истрагата е во тек.











