Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Расте бројот на жртви во пожарите во Турција, критично во Бурса

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Во северозападна Турција, шумските пожари продолжуваат да беснеат, а бројот на загинати се искачи на 17 лица од крајот на јуни.

Особено критично е во провинцијата Бурса, каде викендов загинаа уште двајца волонтери пожарникари, откако нивната цистерна за вода се преврте на патот кон едно од жариштата.

Уште двајца пожарникари ги загубија животите претходно – еден на местото на несреќата, а друг од срцев удар.

Околу 3.500 жители беа евакуирани од погодените подрачја, додека чад и тлеење ја покрија Бурса утрово. Министрите за шумарство и правда потврдија дека во земјата се активни најмалку 44 пожари, а како најсериозни се наведени оние во Бурса, Карабук и Кахраманмараш.

Прогласени се зони на катастрофа во Измир и Билеџик, а покренати се и кривични постапки против 97 лица во врска со пожарите.

Невремето со рекордни температури, суша и силни ветрови продолжува да ја отежнува работата на противпожарните служби.