Две лица загинаа, а стотици се евакуирани во големото невреме што ја зафати Романија. Педесетгодишен спортист од Букурешт настрада во планинското подрачје Буковина, кога врз него падна стебло за време на трка во природа.
„Бев километар или два пред него. Трчаше со уште тројца натпреварувачи. Одеднаш почна страшно невреме, ветрот беше брутален, едвај се одржавме на нозе“, рече Атила, учесник во трката, пренесува Реалитатеа.
Втората жртва е пронајдена во корито на реката Неагра, во градот Броштени. Според соопштението на службата за вонредни ситуации во Сучеава, спасувачите за време на обиколка на поплавените подрачја лоцирале безживотно тело, а високиот водостој отежнувал пристап и евакуација.
„Имам 69 години. Доживеав две поплави, но никогаш вакво нешто. Водата беше до појас, уште два сантиметра и ќе влезеше во домот“, изјави жител на Брошани.
Во погодените подрачја врнеше обилен дожд, а во делови е забележан и град со величина на јајце. Во Неамт, на североистокот на Романија, се евакуирани 890 луѓе поради брз раст на водостојот на реката Бистрица, што достигна 396 сантиметри, што е за 40 сантименти повеќе од критичното ниво.
🚨 BREAKING: Severe Storms Batter Broșteni, Romania
Yesterday evening, powerful storms struck Broșteni in Suceava County, Romania, causing widespread disruption and significant damage.
Follow us for more updates @AjantaNews #Romania | #heavyrain | #HeavyRainfall | #HeavyRains… pic.twitter.com/v556iHzT4H
— Ajanta News (@AjantaNews) July 28, 2025











