Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ситуацијата на Готен критична – се бара помош во гаснењето од граѓаните

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Од ТППЕ Берово информираат дека ситуацијата со пожарот на планината Готен е критична. Огнот брзо се шири и се движи кон месноста Широки Дол, каде се загрозени викендици и имот на граѓаните.

Ресурсите на терен се речиси исцрпени, а пожарникарите и ШС Малешево се борат со оганот без престан веќе 24 часа.

Заради сериозноста на ситуацијата, ТППЕ Берово упатува итен апел до сите граѓани од Општина Берово и пошироко, масовно да се вклучат во гаснење на пожарот.

„Секоја помош е добредојдена, луѓе се итно потребни!“, порача Општина Берово.