Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицкоски мистериозно воздржан за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за интерпелацијата на Левица за обвинителот Коцевски- Не менувам став преку ноќ  

/

пред 447 дена

Сподели преку :

Државниот обвинител Љупчо Коцевски ја добил поканата за собраниската расправа за негова интерпелација која е закажана за утре. Ќе одлучи дали ќе присуствува, ни одговорија од неговиот кабинет. За негова смена, засега се сигурни 6-те гласови од Левица која ја поднесе интерпелацијата.

Премиерот и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека останува на ставот за Коцевски без прецизирање како најголемата пратеничка група ќе гласа за предлогот на опозициската Левица.

-Јавноста ќе види утре, но ние како политичка партија и јас како човек не ги менувам ставовите преку ноќ, одговори премиерот Христијан Мицкоски.

Владата веќе покрена иницијатива за разрешување на Коцевски, но таа застана откако се случи трагедијата во Кочани. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе одлучува попладнево како ќе се постави по иницијативата.

ДУИ утре ќе одлучува на координација на пратеничката група, ни одговори Блерим Беџети, а и интегративците имаа критики за државниот обвинител и го обвинуваа за селективна истрага за Кочани.

СДСМ веќе се изјасни дека е против поради почнатата владина процедура за разрешување, ни рече кооординаторот Оливер Спасовски.

Гласовите ќе се знаат утре, а Левица ја поднесе интерпелацијата обвинувајќи го обвинителот дека спровел селективни истраги за Кочани, дека не ги истражува дивоградбите во Чаир и Скопје и е одговорен за функционален хаос во Вишото скопско обвинителство.

Коцевски пак возврати дека станува збор за субјективен став на политичка партија со што се врши политички упад во самостојноста на обвинителството.

Миомир Серафиновиќ