Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Борбата со пожарите во Желино трае повеќе од една недела

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Деветти ден трае гаснењето на пожар во шумата веднаш над селото Церово што се наоѓа на Сува Гора во Општина Желино. Командирот на Територијалната протипожарна единица вели дека неговите колеги се по 24 часа на ова подрачје во обид целосно да се изгасне пожарот.

„Тетовските пожарникари денес се деветти ден откако се стационирани тука во Церово, со ротации. Ситуацијата е стаблизирана благодарение што нема ветер, Овој пожар дојде од селото Групчин што го имавме на три слични точки истовремено, познато е дека ваквите пожари се намерни. Тетовските пожарникари имаа вчера интервенираа на над 20 пожари, во поширокиот тетовски регион, изјави Авни Амети. 

Покрај пожарникарите, интервенираат и екипи од општина Желино и Дирекцијата за заштита и спасување, чии авиони пет дена по ред фрлаат вода од воздух врз огнената стихија.

 „Ситуацијата е под контрола во споредба со вчера поради ветерот. Нормално, граѓаните беа загрижени, но ние постојано сме на терен да спречиме каква било штета на имотите. Нема село што е во опасност“., изјави градоначалникот Блерим Сејдиу, градоначалник на општина Желино.

Во општина Желино му претходеше и пожар на планината Жеден, каде пожарникарите најдоа запалени гуми, за што се смета дека е намерно подметнат.

Александар Самарџиев