Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Собранието ќе ја констатира оставката на Димитровска, на дневен ред и интерпелацијата за Коцевски

/

пред 440 дена

Сподели преку :

Собранието на Република Македонија денеска денеска на пленарна седница се очекува да ја констатира оставката на претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

На седницата, која ќе ја води претседателот Африм Гаши, по првпат по неговите здравствени проблеми, пратениците ќе расправаат и за интерпелацијата за државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, поднесена од партијата Левица.

Интерпелацијата, според подносителите, се базира на неколку сериозни забелешки за селективност во истраги, политички влијанија врз обвинителството, нефункционалност во Вишото јавно обвинителство Скопје, како и непостапување по дивоградби во главниот град.

Коцевски, пак, во писмен одговор категорично ги отфрли обвинувањата, нагласувајќи дека интерпелацијата е правно неоснована и претставува обид за нарушување на самостојноста на Обвинителството.

Пратениците од Левица и ЗНАМ ќе гласаат „за“, СДСМ се изјасни против, додека ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ сѐ уште не го објавиле својот став.

Освен интерпелацијата, на дневен ред се и повеќе законски измени од областа на туризмот, полицијата, културното наследство, образованието и рибарството.

Седници денеска ќе одржат и Комисијата за избори и именувања и Комисијата за надзор на следење на комуникации.