Денеска не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд, грмежи и услови за краткотрајно невреме.
Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието и засилен северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе се движат од 27 до 35 степени, додека минималните ќе бидат меѓу 13 и 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде слично – променливо облачно со утрински и претпладневни врнежи и можни ретки грмежи.
Ќе дува северен ветер со засилување попладне, а температурата ќе се движи од 19 до 33 степени.
До четврток се задржува нестабилното и посвежо време со пороен дожд, грмежи и локално невреме, особено во четврток.
Од петок се очекува стабилизирање и постепен пораст на температурите.











