Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсовска го врати Ќосето – кандидатите за градоначалници на Град Скопје со критики

/

пред 451 дена

Сподели преку :

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, по седум години повторно го постави споменикот Андон Лазов Јанев – Ќосето. Овојпат на нова локација –  кружниот тек кај хотел „Континентал“. Споменикот беше отстранет во 2018 година како дивоградба, а неговото повторно враќање предизвика критики во јавноста. ВЛЕН реагира остро, тврдејќи дека споменикот е инструмент за политичка провокација и дестабилизација, во време кога граѓаните се соочуваат со многу поважни проблеми.

„Кој ја даде наредбата за оваа провокација? Дали ДУИ молчејќи го одобри овој чин за да го продолжи својот таен договор со Данела Арсовска!“, изјави Дритон Сулејмани од ВЛЕН.

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, конкретен одговор за тоа дали споменикот треба да стои не даде. Но, порача дека фокусот треба да биде ставен на реалните проблеми на граѓаните.

„Мислам дека по неколку години катастрофа во Скопје не треба дебатата да биде дали тој ќе биде полево или подесно. Сметам дека фокусот треба да биде на пореални и поважни теми за граѓаните – воздухот, јавната хигиена, паркинзите, улиците и мерките што го подобруваат животот во Скопје“, кажа Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Кисела Вода.

Кандидатката за градоначалник на Скопје од  СДСМ, Каја Шукова, вели дека на Скопје не му се потребни рециклирани споменици.

„Моите постапки ќе бидат институционални. Ќе провериме дали со поставувањето на овој споменик се почитувани сите законски процедури. Но, на Скопје му треба работа, визија и решенија, а не рециклирани споменици“, кажа Каја Шукова од СДСМ.

Градоначалничката Данела Арсовска на Фејсбук се пофали со враќањето на споменикот, нарекувајќи го признание за „неуморниот дух и саможртва“ на Ќосето во борбата за слободна и независна Македонија.

Повеќето споменици кои беа поставувани како дел од проектот Скопје 2014 година беа во ноќно време.

Тамара Марковска