Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Предвиденото отворање на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“ ќе се пролонгира за наредната година

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Иако реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ започна во април 2024 година и првично беше најавена како 18-месечен проект. Министерството за образование и наука сега информира дека објектот ќе биде готов дури на почетокот на 2026 година.

Од платформата Студентарија реагираат дека новите најави само го потврдуваат трендот на одложувања и неисполнети ветувања. Според нив, студентите и оваа академска година ќе се соочат со недостиг од капацитети и ќе бидат приморани да бараат алтернативно сместување, бидејќи и двата најголеми дома – „Кузман“ и „Стив Наумов“ – сè уште се затворени.

Министерката за образование Весна Јаневска уверува дека реконструкцијата ќе донесе целосна трансформација на условите, додека  премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на  недовршениот студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу” изјави дека: „Станува збор за огромна разлика во условите. Студентите навистина ќе уживаат во новиот амбиент.“

Реконструкцијата на „Кузман Joсифовски – Питу“ е дел од поширок проект за обнова на девет студентски домови, финансиран со 30 милиони евра од ЕУ и Германската развојна банка.

Договорот Владата го потпиша на 29 декември 2023 година, со австриската компанија „Штрабаг“ како најповолен понудувач на меѓународниот тендер.