Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Нагло повлекување на океанот кај Хаваи – евакуација на островот додека се движи цунами по земјотресот во Русија

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Нагло повлекување на океанот е забележано на бреговите на Хаваи, што укажува на приближување на бранови на цунами.

Според извештајот на Брендон Милер од „Си-Ен-Ен“, моментите се забележани преку видео камери кои ја пренесуваат состојбата на островот.

Бројни камери на островите Каујаи и Оахо, на кој се наоѓа и главниот град Хонолулу, забележиле значителен пад на нвото на водата во изминатиот час. Такво повлекување на океанот е карактеристичен и добро познат знак кој претходи на главната серија на бранови на цунами. Станува збор за феномен, пришто океанот најпрво се повлекува далеку од брегот пред ударот на бранот.

Американската крајбрежна стража издаде наредба за евакуација на комерцијалните бродови од пристаништата на Хаваи кои се затворени за сообраќај. Пренасочени се и неколку авиони кои летови кон Хаваи.