Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Народна банка: Каматите непроменети, инфлацијата забрзува економијата расте

/

пред 435 дена

Сподели преку :

Каматите остануваа исти, одлучи Народната банка, а во оценките за идните очекувања објави дека инфлацијата забрзува.

Народната банка на последната седница на Извршниот одбор, одлучи да ги задржи каматните стапки на исто ниво – основната каматна стапка на благајнички записи останува 5,35%, а каматите на депозитите преку ноќ и на 7 дена 3,95% и 4%, стои во извештајот на НБРМ.

Одлуката, како што соопшти НБРМ е дел од претпазливиот пристап кон монетарната политика, во услови на зголемена инфлација.

Годишната инфлација во јуни 2025 изнесува 4,5%, што е над проектираното, главно поради поскапувањето на храната и транспортот.

Ризиците за идната динамика на инфлацијата и натаму постојат и се поврзани и со натамошната неизвесност од променливото надворешно окружување, но и со домашните фактори што влијаат врз побарувачката, соопштваат од НБРМ.

НБРМ оценува дека економијата продолжува со раст – во првиот квартал БДП се зголеми за 3%, а податоците укажуваат на забрзување во вториот квартал, поддржано од индустријата, градежништвото и угостителството.