Состојбата во Газа е алармантна, е ставот на министерот за европски прашања на Македонија, Орхан Муртезани, кој иако не присуствувал вчера на седницата на Владата и не знае дали на неа било разговарано за позицијата на земјата по ова прашање, смета дека Македонија не може да се исклучи од мобилизацијата во светски рамки за ставање крај на криза во Газа.
„Не можеме ние како земја, колку и да сме мала да сме имуни на таквиот тренд, особено ако тоа прерасне во заедничка безбедносна и надворешна политика на ЕУ. Ние како 100 проценти усогласени со таа политика, ќе мора до го следиме истиот чекор“, изјави министерот за европски прашања на Македонија Муртезани.
Изјавата на Муртезани како член владата доаѓа на една недела откако македонските пратеници, не ја изгласаа предлог резолуцијата за запирање на хуманитраната криза во Газа и доставување на хуманитарна помош на цивилите таму. „За“ резолуцијата гласаа само 16 пратеници, но таа не беше поддржана од ниту еден пратеник од владеачкото мнозинство и дел од опозицијата.
Муртезани изјавата ја даде за време на посетата на министерот за европски прашања и одбарана на Ирска, Томас Брн, земја која ја призна Палестина како држава пред една година, а вчера го стави својот потпис на заедничката изјава на 15 држави, меѓу кои и Франција, Норвешка, Финска, Шпанија, Словенија, Исланд, Малта, Португалија, Луксембург, а кои побараа итен прекин на огнот, итно и безусловно ослободување на сите заложници од страна на Хамас, како и обезбедување непречен пристап до хуманитарна помош во Газа, а ги повикаа и другите земји да се приклучат и да размислат за признавање на државата Палестина на претстојното Генерално собрание на ОН, како суштински чекор кон постигнување на решение меѓу две држави.
Признавањето на една држави е лична одлука на секоја земја, вели Брн, додавајќи дека за ова прашање има различни ставови на масата на ЕУ.
„Но она што може да го заклучиме дека им е потребна итна помош и затоа со Каја Калас сакаме да ја искористиме оваа предност што ја има ЕУ и да зборуваме и со другите земји-членки за други перспективи, да ги сфатиме нивните песрепктвии. Да ги убедиме дека ситуацијата таму е толку лоша што е неопходно итно да се дејствува“, рече Брн.
Брн од Скопје порача дека тоа што се случува во Газа е погрешно и неприфатливо и оти Израел и Палестина мора да живеат едни покрај други во мир и безбедност.
Тамара Грнчароска











