Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Во центарот на Скопје поставена розева гризната крофна како синоним на трошењето јавни пари и коруптивни дејствија

/

пред 445 дена

Сподели преку :

На улицата „Македонија“ во центарот на Скопје каде секојдневно минуваат илјадници граѓани, се појави необична визуелна инсталација. Гризната џиновска крофна со розева боја, на прв поглед слатка, но со горчлива порака – „Една четвртина од јавните пари се трошат на корупција“.

Ова герила акција организирана од младите има за цел да ја подигне јавната свест за сериозноста на корупцијата во земјава. Недостасувачкото парче од крофната симболично го претставува фактот дека една четвртина, односно 25 проценти од јавните пари се трошат на коруптивен начин.

Преку симболична визуелизација и јасна порака дека корупцијата не е апстрактен поим, туку таа буквално го „јаде“ она што ни припаѓа на сите, а тоа се  парите за болници, училишта, инфраструктура и подобриот животен стандард.

Акцијата има за цел да ги мотивира младите да станат гласни борци за транспарентност, отчетност и фер општество, без да останат рамнодушни.

Проектот е дел од иницијативата „Младите луѓе во С. Македонија: Клучна алка во градењето општество без корупција“, поддржан од Zivik Funding Programme на Германското Сојузно Министерство за Надворешни Работи, преку Ifa – Institut für Auslandsbeziehungen, во партнерство со Организација на жени од Струмица (ОЖС) и IGI.