Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ се вклучи во гаснење на пожарите

/

пред 445 дена

Сподели преку :

Чешкиот хеликоптер „Блек Хок“ со ведро од над 3.400литри вода  се вклучи во гаснење на пожарот од беровска страна. Пристигнаа и пожарникарите од Словенија со специјализарните возила. На градскиот стадион направија самоодржлив логор,  со себе донесоа опрема, шатори, а веднаш со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов од воздух ја видео состојбата со пожарот на беровска страна на планината Готен.

-Словенците со себе имаат повеќе специјализирани теренски возила, специјални за гаснење на вакви тешки пожари. Се надевам дека овој тежок пожар овој тежок пожар ќе биде ставен под контрола. Со словенечкиот тим направиве хеликоптерско извидување за да може да го визуелизираат пожарот во кој правци се одвива каде има близок извор со вода и сл., вели дирекорот на ДЗС Стојанче Ангелов.

На радовишка страна на планината Готен денеска е мирно, огнот зад себе остави црнила и пепел. Радовишките села Покрајчево, Злеово, Подареш и Јаргулица не се загрозени. Поради стабилизирање на состојбата намалени се  човечките ресурси.

-Ако вчера имавме вклучено близу 500 луѓе на целата оваа територија и на Радовиш и на Василево и на Берово. Денеска таа бројка е помала од пола бидејки овде останаа само тимовите кои што набљудуваат кои што следат да не се случи нешто ново. И во моментот на линијата од Радовиш имаме ангажирано помалку од 100 луѓе, некаде околу деведесетина, не е мала бројка, бидејки имаме уште еден крак кој што се симна од Беровски Готен надолу и сега таму работиме денеска, вели, заменикот директор на Национални шуми Кире Михаилов.

Изгорени дрва, пеплосана трева и изгорен дивеч, ова е денешната слика над радовишките села.  Штетите  и колку се опожарените површини допрва ќе се анализираат и утврдуваат. Освен на овие планини се уште се активни пожарите на територијата на Прилеп и Кавадарци, додека под контрола се ставени  пожарите на планините Серта и Плачковица.

Викторија Јованова