Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсовска: Сè што кажа Ганиу е лага, освен дека во општина Чаир има 13.000 дивоградби

/

пред 449 дена

Сподели преку :

Градоначалничката на Скопје продолжи со обвинувања кон Oпштина Чаир. Според неа, единствена вистина која ја кажал градоначалникот на Чаир е бројката од 13.000  дивоградби, сè друго, како што рече, е лага.

Обвини дека во документите се вметнуваат фалсификати, наместо официјални градски бројчиња. Таа побара Ганиу да биде чесен, да се покажат документите и јавно да дебатираат.

,,Бројчиња на едни лица се користени по 10 години од нивното одбивање или затворање на нивната постапка за отпочнување на нови постапки за легализација во кои што го самите геодетски елаборати е нотирано дека се работи за градби кои датираат од оваа година. Се работи за сосема нови градби. Се работи за згради што ни во еден случај не е дозволено согласно законот. Законот дозволува само индивидуални објекти за домување“, изјави градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Арсовска тврди дека не постои ниту една друга општина во градот Скопје која има криминал од ваков размер. Вчера градоначалникот на Чаир, негирајќи ги досегашните наводи на Арсовска, рече дека ѝ подготвува тужба на градоначалничката.

,,За сите овие акти моите адвокати работат на тоа за невистините што ги зборува’’ – изјави Ганиу, градоначалник на Чаир.

Таа возврати со одговор пред камерите.

,,Слободно чекам тој криминалец да тужи. Задоволство ќе ми биде да бидам со сите овие докази и на секаква дебата. Го барав, дефукусираше со отпадот, за да го прикрие сопствениот криминал“, му одговори Арсовска. 

Арсовска потврди дека целата документација е доставена до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција. Арсовска изминативе месеци постојано објавуваше, како што вели, криминали во Чаир. Таа сведочеше за 100-тици дивоградби на територијата на општината и ги документираше и преку јавувања во живо на социјалните мрежи.

Марија Коцева