Сè додека не бидам осуден, не сум виновен, рече денеска министерот без ресор, Шабан Салиу кој, како поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), е опфатен со истрагата за пожарот во Кочани во кој загинаа 62-ца млади луѓе.
Тој не крие дека во судот дошол со службено возило. За тоа дали ќе биде разрешен, премиерот Мицкоски пред два дена најави дека треба да разговара со него.











