Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Пиета во прекривките на ургентноста“ од Жерновски на Венециското биенале на уметноста 2026

/

пред 431 дена

Сподели преку :

Уметникот Велимир Жерновски ќе ја претставува Македонија на Венециското биенале 2026 со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“, информира Министерството за култура и туризам.

Проектот, чии носител е Музејот на современата уметност – Скопје, беше избран на јавен конкурс од стручната комисија составена од Соња Абаџиева, Ивана Урошевиќ и проф. Симон Шемов.

Комисијата ги разгледала сите четири пристигнати предлози и оценила дека токму проектот на Жерновски се издвојува со својата оригиналност и конзистентност. Како што се наведува, делото успешно излегува надвор од стереотипните и стандардизирани форми на визуелна практика, при што суштински кореспондира со тематската рамка на 61. издание на Венециското биенале на уметноста.

Инсталацијата „Пиета во прекривките на ургентноста“, на крајно едноставен начин е фокусирана на „Пиета“ (1498/9) – врвното ренесансно дело на Микеланџело Буонароти од црквата „Св. Петар“ во Ватикан. Реплицираниот монумент на третата од Микеланџеловите пиети, конструиран од современи материјали, авторот го прекрива со  заштитни „златни“ фолии користени од страна на современите бегалци, бездомници, страдалници и луѓе заобиколени од човечката емпатија.

Венециското биенале на уметноста ќе се одвива од 9 мај до 22 ноември  2026 година.