Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Без возачка и речиси целосно слеп усмртил 64-годишна жена

/

пред 443 дена

Сподели преку :

Возач на товарно возило  кој бил речиси целосно слеп и без важечка возачка дозвола усмрти 64-годишна жена, а кавадаречкото обвинителство денеска поднесе обвинение против него. Тој се товари за тешки дела против безбедноста на луѓето во сообраќајот.

Тешката сообраќајна несреќа се случила во декември минатата година, кога обвинетиот управувал со возилот  Ситроен Џампер со велешки регистарски таблички, на регионалниот пат Лакавица–Дреново, на делницата од Пепелиште кон Неготино. Со страничниот ретровизор  удрил во главата пешакот Ангелина Ангелова, која се движела покрај патот и и нанел  смртоносни повреди.

„Кога обвинетиот пристигнал на критичното место викано „Лаки“ не обрнал внимание на пешаците кои се движеле во близина на работ на коловозот. Со ретровизорот удрил во главата на пешакот Ангелина Ангелова, која била отфрлена од патот. Кај неа биле предизвикани тешки телесни повреди – скршеници  на черепот, вратни пршлени и повеќе коски од кои починала“, се наведува во соопштението на ЈОРМ.

Обвинителството за време на истрагата утврдило дека обвинетиот има попреченост  слепило со 99 проценти намалена видна функција. Тој бил корисник на инвалидска пензија и додаток за попреченост, но и покрај тоа управувал со товарно возило.

За време на истражната постапка, обвинетиот успеал дури и  да ја продолжи возачката дозвола, иако бил речиси целосно слеп. Овој случај отвори сериозни прашања за системот на издавање и продолжување на возачки дозволи во државата.

Сега, Обвинителството побарало од полицијата во Неготино да обезбеди докази и да се извршат проверки за начинот на кој обвинетиот се стекнал со возачка дозвола и инвалидска пензија, како и да се провери веродостојноста на медицинската документација.

Eмилија Мисирлиевски