На територијата на државата од утрово се регистрирани 23 пожари на отворен простор. Од нив активни се 4 пожари во Општина Чашка над Богомила каде гори мешана шума, Општина Липково помеѓу с. Ваксинце и с. Слупчане каде е зафатена нискостеблеста шума, Општина Студеничани с. Дречавица каде дивее шумски пожар во планина, Општина Македонски Брод с. Грешница каде гори деградирана нискостеблеста шума.
Од останатите пожари 2 се под контрола, во Општина Долнени с. Стровија, зад местото Гајдарец Клепало каде е зафатена нискостеблеста шума и во Општина Желино с. Церово каде гори мешана шума.
Изгаснати се 17 пожари, меѓу кои и огромниот пожар во Општина Берово на планината Готен кон Малешевските планини, каде изгореа шуми со бор, бука, смрека, грмушки и ниска вегетација.











